Skip to main content
Скопје

Бујар Османи: За секој проблем имаме понудено решение во нашата програма за Чаир

08/10/2025  12:29

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, во одговор на новинарско прашање изјави дека неговата програма е резултат на внимателен процес на идентификување на реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните, а не на предизборни импровизации.

„Имаме една програма, која кога почнав да ја дизајнирам, најпрво ѝ пристапив како татко, како родител, потоа како лекар, а дури потоа како политичар. Обично, кога се дизајнираат изборни програми, се прават проекти и за нивна реализација, и за нивна презентација. Но, јас почнав поинаку. Реков: најпрво да ги идентификуваме проблемите, а потоа за тие проблеми да најдеме решенија“, изјави Османи.

Тој потенцира дека ниту еден проект во неговата програма не е случајно избран, туку произлегува од реални потреби на граѓаните.

„Проектот што го претставувам не е идеја што ми се родила од ништо, туку е проблем што ние го имаме идентификувано, бидејќи го гуши Чаир, и за него сме нашле решение. И за секој проблем, ние имаме најдено решение“, нагласи Османи.

Тој додаде дека ваквиот пристап произлегува од директни средби со различни групи граѓани, меѓу кои пензионерите, младите брачни парови и жителите на зградите со стари фасади и нефункционални лифтови.

„Вчера излегов со пензионерите и им се обратив ним, не затоа што сакам да ја добијам нивната поддршка, нормално дека ја сакам и ми значи, но примарно затоа што во процесот на идентификување на проблемите, ги имаме евидентирано и нивните тешкотии“, рече Османи.