
Кандидатот за градоначалник на Чаир Бујар Османи предупреди дека Албанците, но и државата во целина, се наоѓаат пред драматична историска ретроградност, како резултат на власта која, како што рече, го поништува концептот на државотворност на Албанците:
„Ни е ускратено и правото на јазикот. Албанскиот јазик е избришан од институциите, од официјалните документи. Затоа 19 октомври нема да биде само избори за Чаир, ќе биде одлука дали прифаќаме држава изолирана од ЕУ.“ – рече Османи.
Во своето обраќање, Османи жестоко го критикуваше враќањето на државата во геополитичка зона надвор од европските вредности:
„Ќе се вратиме во орбитата на српско-руското влијание, во една мрачна сфера каде што нема европски вредности, туку авторитарност и понижување. И тогаш, ниту историјата ниту нашите деца нема да ни го простат молкот.“ – порача тој.
Во фокусот на обраќањето, Османи ја стави суштинската политичка битка која, според него, не е само за пораз на ВЛЕН, туку за крај на опасниот наратив дека Албанците не заслужуваат да бидат државотворен фактор:
„19 октомври е единствената шанса. Не за да го победиме ВЛЕН, на анкетите веќе покажуваат резултат 3 спрема 1, туку за да не дозволиме да создадат нов ВЛЕН. Да ја уништат идејата дека Албанците се државотворен народ. Ако не ја сопреме таа идеја во корен, ништо не сме постигнале.“ – рече Османи.
Османи заврши со силна мобилизациска порака:
„Не е важно само победата над ВЛЕН, туку да се испрати порака до тие што ја создадоа оваа стратегија: веќе нема да не третираат како народ од втор ред!“ – рече тој.