
Поради присуство на немлечни масти во путер во Бугарија ќе се уништи 824 килограми од овој производ. Одлуката е донесена бидејќи ова е во директна спротивност со законските регулативи за квалитет и безбедност на храната.
Бугарската агенција за безбедност на храна утврди дека производот содржел масти од растително потекло кои не биле соодветно декларирани. Покрај уништувањето на путерот, Агенцијата презеде и дополнителни законски чекори против прекршителот.
„За констатираните недоследности и присуството на немлечни масти, на правното лице му е изречена парична казна (прекршочна санкција), а целиот контингент од 824 килограми е повлечен од пазарот и испратен на уништување во екарисаж,“ соопштуваат од БАБХ.


