Народното собрание на Бугарија денеска ја избра новата Влада што ќе предводи премиерот Росен Жељазков. „За“ гласаа 125 пратеници, „против“ беа 114, а немаше воздржани.
Со тоа, по многу обиди во изминатите четири години, неколку изборни циклуси, и два и пол месеци по последните парламентарни избори, Бугарија доби редовна политичка влада.
Владата на Жељазков беше поддржана од пратениците на ГЕРБ-СДС, БСП-Обединета левичарска партија и Има таков народ, како и од партијата ДПС – ДПС. Против гласаа ПП-ДБ, Преродба, ДПС-Нов почеток и МЕЧ.
Во новиот владин кабинет, коалицијата ГЕРБ-СДС има 11 министри, БСП – Обединета левичарска партија пет, а Има таков народ ќе има четворица.
ДПС – ДПС иако ја поддржа, нема да партиципира во новата Влада. Жељазков и новите министри веднаш по изборот положија заклетва.