
Казахстанецот Александар Бублик ја освои титулата на АТП турнирот во Хале, откако попладнево го совлада во финалето Русинот Данил Медведев.

Бублик до победата во два сета со 6-3, 7-6 (7/4) дојде за еден час и 22 минути и триумфираше над Медведев прв пат во нивниот седми меѓусебен дуел. Сите претходни шест меѓусебни пресметки беа на земјена подлога.
Со оваа титула, негова втора во Хале од 2023 година и вкупно петта во кариерата, ќе се искачи од 45 на 30-то место на АТП ранг-листата во понеделник, на еднa недела пред почетокот на Вимблдон.
Претходно, Бублик на турнирот во Хале го совлада и светскиот рекет број еден, Италијанецот Јаник Синер.
Медведев, пак, го загуби своето шесто последователно финале, а неговата 20 и последна титула датира од Мастерс 1000 турнирот во Рим во мај 2023 година.