
Советот на јавни обвинители закажa седница за вторник, на 20 јануари, на која ќе се избира нов раководител на Основното јавно обвинителство Скопје, поради истекот на мандатот на актуелниот шеф Гаврил Бубевски на 18 јануари.
Бубевски, кој е на функцијата од 2022 година, е кандидат за уште еден мандат. За шефовската позиција ќе се борат и обвинителите Тања Трајчевска, Анел Фидоски, Дејан Петрески и Спасенка Андонова, која има најдолг работен стаж од 20 години. Кандидатите имаат искуство од шест до две децении и се поврзуваат со повеќе значајни јавни предмети.
На истата седница ќе се разгледува и изборот на раководител на Основното јавно обвинителство Тетово, каде единствен кандидат е актуелниот шеф Бесир Алиу.
Скопското обвинителство, како најголемо во земјава, добива ново раководство во чувствителен период, по оставката на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски и назначувањето на в.д. јавна обвинителка Анита Тополова Исајловска.
