Skip to main content
Македонија

Бруто се или нето и кому се паднаа 45.000 денари месечно од Лотарија?

18/01/2026  20:22

Една од главните теми во македонската (особено интернет) јавност се документите што протекоа од Државна Лотарија на Македонија.

Таму, се гледа дека на десеттици јавни личности меѓу кои и професори, инфлуенсери и пејачи секој месец им се исплаќаат хонорари во висина од 35.000 до 60.000 денари.

Еден од нив е и Бомбакис (Кристијан Станковски) кој од Лотарија на Македонија добива хонорар од 40.000 денари нето, односно 45.000 денари бруто.

Бомбакис пред два дена или само ден пред да излезат документите во јавност има објава со порака на картон која гласи: „Ништо не ви е свето, се е бруто и нето“ со опис „Тоа е фудбалот“.

Оваа порака доаѓа ден пред да излезе аферата за него, па оттаму личи како да знаел дека такво нешто ќе се случи.

По избивањето на скандалот Бомбакис во објава на социјалните мрежи објави видео дека Лотарија е еден од неговите спонзори иако до овој момент ниту од негова, ниту од страна на Лотарија е наведно по кој точно основ на Станковски, алијас Бомбакис месечно му се исплаќаат средства од 40.000 денари.