Skip to main content
Свет

Бројот на жртви во пожарот во Карачи се искачи на 67

22/01/2026  20:30

Најмалку 67 лица загинаа во пожарот што го зафати трговскиот центар „Гул Плаза“ во градот Карачи во Пакистан.

Спасувачките екипи сè уште ги пребаруваат урнатините на објектот каде пожарот избувна во саботата. Идентификацијата на жртвите е исклучително тешка бидејќи од повеќето тела останале само делови.

Истрагата досега утврдила дека пожарот избувнал во моментот кога повеќето сопственици ги затворале продавниците. Брзото ширење на пламенот било потпомогнато од запаливи материјали како козметика, облека и пластични производи. Како најверојатна причина за несреќата се наведува краток спој на електричната инсталација.

Овој инцидент повторно го отвори прашањето за лошите безбедносни стандарди и нелегалното градење во Пакистан. Карачи во изминатите години беше место на повеќе слични трагедии, вклучувајќи го и пожарот во текстилна фабрика во 2012 година кога загинаа 260 лица.