Skip to main content
Свет

Бројот на загинати во уривањето на покривот на клубот Санто Доминго се искачи на 221

10/04/2025  20:35

Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб „Џет сет“ во Санто Доминго се искачи на најмалку 221, соопштија денеска властите, додека потрагата по исчезнатите продолжува.

Спасувачките тимови извлекоа речиси 200 преживеани од урнатините во вторникот, објави Ројтерс.

Директорот на Центарот за вонредни ситуации Хуан Мануел Мендез изјави дека спасувачките служби речиси целосно го пребарале местото на несреќата и дека останува да се пребара мал дел од клубот, пренесе АП.