Skip to main content
Свет

Брод се преврте кај Стејтен Ајленд, четворица мртви, еден се уште се води како исчезнат

24/02/2025  08:15

Четири лица загинаа, едно е хоспитализирано, а едно се води како исчезнато откако потона брод во водите меѓу Квинс и Стејтен Ајленд.

Американската крајбрежна стража соопшти дека екипажот сè уште трага по исчезнато лице, откако рано попладнево пет лица беа спасени од бродот

Пет лица од бродот беа пронајдени, а четворица од нив не реагираа кога беа извлечени од водата, изјавија претставници на крајбрежната стража.

Две од спасените лица биле пренесени со хеликоптер во Универзитетската болница во Стејт Ајленд, а три лица биле пренесени во станицата на крајбрежната стража Сенди Хук, каде што чекале итни медицински служби, соопштија официјални лица.

Оттогаш, четири лица се прогласени за мртви. Петтото лице е во стабилна состојба, соопшти полицијата.

Температурите на водата сè уште беа околу нула во неделата. „Не можам да замислам луѓето да издржат повеќе од 10 минути на овие температури, а да не паднат во целосна хипотермија“, рече Рој Скот, поранешен инспектор на американската крајбрежна стража.

Крајбрежната стража и полицијата на Њујорк ги истражуваат околностите за потонувањето на бродот.