Skip to main content
Култура, Хроника

Брижит Бардо ќе биде погребана денеска во Сен Тропе

07/01/2026  09:15

Легендарната француска актерка Брижит Бардо, која почина минатиот месец на 91-годишна возраст, денеска ќе биде испратена во вечноста во Сен Тропе, познатото летувалиште на француската ривиера. Информацијата ја пренесе Ројтерс, повикувајќи се на локалните власти.

Погребната служба е закажана за 10 часот во црквата „Нотр Дам де л’Асумпсион“, по што Бардо ќе биде положена на градските гробишта на церемонија затворена за јавноста. За граѓаните и нејзините обожаватели ќе биде организирана посебна комеморација во старата градска населба Ла Понш. Бардо стекна светска слава со филмот „И Бог ја создаде жената“ и остана запаметена како една од најголемите икони на француската поп-култура.

По заминувањето од филмската сцена во 1973 година, таа целосно се посвети на борбата за заштита на животните, иако подоцна често беше во фокусот на јавноста поради своите контроверзни политички ставови.