
Граѓанин на Велика Британија вчера на граничниот премин Табановце бил спречен во обид да влезе во Македонија со фалсификувана возачка дозвола.
„На 01.06.2025 во 04.00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Г.Г.(25) од Велика Британија затоа што при гранична контрола е констатирано дека на увид приложил фалсификувана возачка дозвола, стои во полицискиот билтен.
Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.