Skip to main content
Македонија

Бран на солидарност: Граѓани и компании носат храна и вода за семејствата пред болницата

16/03/2025  15:02

Пред шаторот на Црвениот крст, поставен пред болницата „8 Септември“ во Скопје, граѓани и компании постојано носат паќети со вода, храна и основни потреби за повредените во трагичниот пожар во Кочани, како и за нивните семејства кои со неизвесност чекаат вести за најблиските.

Во овие тешки моменти, Македонија покажува единство и хуманост, обезбедувајќи поддршка за сите на кои им е најпотребна.