
Сопружници на постара возраст загинаа во пожар во Крива Паланка. Телата на двете жртви се откриени по интервенција на противпожарната единица.
Повикот стигнал пред 9 часот, а бил пријавен пожар на спрат во семејна куќа во градот. Интервенирале две возила и 9 пожарникари, ни одговорија од надлежната служба.
По гаснењето на пожарот пронајдени се двете жртви.
Се врши увид на местото на трагедијата. Првични претпоставки се дека пожарот почнал 4 до 5 часа пред да биде пријавата односно уште во текот на ноќта