Skip to main content
Забава

Божиќна сарма потпечена во рерна – Една состојка ќе ја направи повкусна од кога било

27/12/2024  21:23

Божиќната сарма мора да биде богата, полна со месо и сланина, а се приготвува на специјален начин

Состојки: 1 поголема главица кисела зелка, 1 кг мелено месо, 3-4 главици кромид, 3-5 чешниња лук, суво месо, сланина – полу димена, 1 шолја ориз, домашна, свинска маст, сол, бибер, мешан зачин, сладок црвен пипер.

За запршката: 1 лажица маст, 1/2 лажица брашно и 1/2 лажица сладок црвен пипер.

Приготвување: Исечкајте го кромидот што поситно, па препржете го на маст. Додајте сечкана сланина, продинстајте ја со кромидот, па додајте и мелено месо и зачини, и на крајот шолја ориз. Свиткајте ги сармите, па наредете ги во плех, додајте по некоја коцка суво месо, па ставете сето тоа да се пече во рерна.

Откако ќе биде речиси готова, додајте запршка од маст, брашно и црвен пипер. Добар апетит!