Skip to main content
Магазин

Божиќен куглоф

25/12/2025  21:35

Почестете се себеси и вашите најблиски, во овој посебен период, со овој многу едноставен но вкусен куглоф.

         Состојки:

  • 150 грама интегрално брашно
  • 80 грама густин
  • 50 грама мелени бадеми
  • 1 прашок за пециво
  • 150 грама шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 3 јајца
  • 180 мл млеко
  • 150 грама путер
  • 80 грама  суво грозје

Подготовка:

Измешајте го брашното и густинот, додадете ги мелените бадеми, прашокот за пециво, шеќерот и ванилата. Добро измешајте ги јајцата, млекото и стопениот путер и додадете ги во смесата од брашно. Додадете го сувото грозје во смесата и истурете ја во намастен калап за куглоф.Печете 40-45 минути (во зависност од обликот на калапот) во рерна претходно загреана на 180 °C.Извадете го печениот колач од калапот и оставете го да се олади. Посипете го куглофот со шеќер во прав, а можете и да го премачкате со чоколадна или бела глазура направена од шеќер во прав и сок од лимон. Уживајте!!