Skip to main content
Македонија

Борис Трајковски се превртува во гроб од најновата мигрантска политика на ВМРО-ДПМНЕ

06/12/2025  19:57

Додека Владата се труди да демантира дека непожелни мигранти од Велика Британија за финансиски надомест ќе бидат префрлени во Македонија, тамошни новинари и политичари веќе откриваат детали дека договор е постигнат.

Според нив, мигрантите кои нема да бидат примени во Британија ќе бидат пренесени во Македонија каде нема да бидат сместени во кампови туку слободно ќе можат да се движат, да работат и да создаваат „нов живот“.

Ако тоа навистина се случи тоа е целосно спротивно на политиките и вредностите на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски кој беше кандидат токму на ВМРО-ДПМНЕ.

Во екот на бегалската криза кога стотици илјади бегалци од Косово беа прифатени во Македонија, нашата држава беше под притисок да прими уште бегалци, а меѓународната заедница ја критикуваше Македонија дека не се грижела доволно за бегалците.

Реакција на таквиот однос на меѓународната заедница стигна од тогашниот заменик министер за надворешни работи Борис Трајковски кој подоцна стана и претседател на државата.

„Слушам на “CNN” дека стално окружи една, да не кажам за мене и увредлива констатација дека ова е срам за Македонија. Ова е срам за меѓународната заедница. Никој од вас не прашува кој се проблемите на оваа влада и на оваа држава. Многу убаво вие следите од далеку во Шведска ги следите настаните. Јас ќе ви предложам нешто конкретно: пратете 100 авиони на скопскиот аеродром и пренесете ги во Стокхолм.“ рече Трајковски на заедничка прес конференција во висок претставник на ЕУ.