Skip to main content
Македонија

Борче Стаменов од „Донирај компјутер“ и доц. д-р Ирфан Ахмети добитници на државната награда „Мајка Тереза” за 2025 година

18/08/2025  14:50

Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза” одлучи наградата за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери, во 2025 година да им се додели на: Борче Стаменов од „Донирај компјутери” и на доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 26.8.2025 година во 11 часот (вторник) во Собранието на Република Северна Македонија, информираат од Министерството за култура.