
Најмалку 13 луѓе загинаа во самоубиствен напад во сомалискиот главен град Могадишу, соопшти полицијата.
Во соопштението се наведува дека атентаторот пеш влегол во воен камп и се разнел меѓу околу 200 млади луѓе кои требало да бидат регрутирани во сомалиската војска.
Според полициските податоци, најмалку 30 луѓе се повредени.