Skip to main content
Живот

Бомбакис: Успехот не е пари и слава, успехот е принципи кои што не се купуваат, морал што не се продава, чист образ и достоинство

31/08/2025  13:44

Кристијан Станковски, попознат како Бомбакис пред неколку дена преку социјалните медиуми објави дека има работи кои одамна сака да ги каже но не може, но денес сепак преку ново видео откри барем дел, најавувајќи ново поглавје наречено „Манифест“.

Бомбакис во видеото истакна дека не потекнува од богато семејство и дека ништо не му е дадено, се самиот создал, а неговиот пат воопшто не е лесен, но сепак да се остане човек со вистински вредности е најбитно во животот. Вели се она што му се случувало досега, го довело до оваа точка каде што е сега. Вели ништо не е случајно, но тој не се откажува, само започнува ново подглавје.

„Роден сум без ништо. Немам богати родители. Ни пари, ни врски, ни лесен пат. Никој ништо не ми дал, но едно знам. Семејството е темел, вистинските вредности се патоказ, а вистината е валута што никогаш не ја губи тежината“, вели тој во видеото.

„Да се биде различен не е лесно, додава, притисокот е голем, патот е тежок, но јас никогаш не сум барал лесен пат. Го барав вистинскиот пат. Запомнете успехот не е пари и слава. Успехот е принципи кои што не се купуваат. Морал што не се продава, чист образ и достоинство. Да не заборавиш кој си и од каде доаѓаш. И над се да останеш човек. Знам дека ништо не е случајно. Секој пад, секоја болка, секоја рана ме доведоа до оваа точка. Да не ја продадеш душата, да стоиш зад тоа што веруваш дури и кога е најтешко.

Откажување? Тоа не постои во мојот речник. Ова не е крај. Ова е ново поглавје. Поглавје што ќе остане запишано како – Манифест“, завршува тој во видеото.

„Животот не е политика, животот е многу поголем и поубав од тоа.
Брзиот ритам, секојдневниот притисок, обврските кон фамилијата и општеството , тоа е вистинскиот товар што сите го носиме, а ретко кој го кажува јавно.

Секој од нас крие нешто зад насмевката. Никој не е совршен.
Затоа е најважно да останеме луѓе, да се почитуваме себеси и меѓусебе.
Да им покажеме на нашите деца дека пред сè треба да бидеме луѓе, затоа што само така можеме да бидеме пример за нив.

Ова е моја лична приказна.
Моја борба што нема никаква врска со политика, туку со животот и вистинските вредности.
Приказна што продолжува во ново поглавје наречено… МАНИФЕСТ.“, напиша тој под видеото.