
Пратеникот на СДСМ Благој Бочварски во емисијата „Топ тема” на телевизија Телма, во врска со предложениот закон за помош на семејствата на настраданите во Кочани, истакна дека пристапот на СДСМ е во насока на подавање рака и изнаоѓање решенија на проблемите коишто се јавуваат не само во оваа состојба туку и во други сфери во државата.
СДСМ како одговорна партија реши да делува со законско решение, со кое ќе им се помогне на граѓаните, на кои им е најпотребно во овој момент, односно решивме дека преку едно законско решение да покажеме грижа, солидарност према овие луѓе, кои се најдоа во еден тежок проблем, не со политизирање, не со препукување, туку со конкретни решенија коишто ќе им помогнат на граѓаните, истакна Бочварски.
Тој нагласи дека СДСМ бара дебата во Собранието и долку има добри и позитивни аргументи да се подобри законското решение без разлика од која политичка партија тие би дошле и доколку има, да се подобри овој закон и да им се помогне на луѓето во целата оваа трагедија и несреќа којашто се нашле.
Ние сме отворени за поддршка од сите пратенички групи и не треба да има дилема дали ќе се изгласа или не во собранието.
И ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддежи или да им каже на граѓаните дека не го прифаќа, но аргументите не им држат, се гледа само на формата, суштината апсолутно е занемарена. Вака, излегува дека луѓето апсолутно им се неважни и оние коишто загубиле човек во семејството и оние коишто имаат повреден човек во семејството. Треба со аргументи да објасните зошто не го прифаќате законското решение.
Ова е неприфатлив пристап за граѓаните, ова е срамота, што го правите и со коешто се служите. Не може и не смее собранието да дозволи да не излезе во пресрет на потребите на граѓаните во еден ваков момент и да не подаде рака, порача пратеникот на СДСМ Благој Бочварски.