
Вечерва во дебатата на „Топ Тема“ тема беше предложениот закон за помош на семејствата на настраданите во Кочани.
Пратениците Благој Бочварски (СДСМ) и Бране Петрушевски (ВМРО-ДПМНЕ) дискутираа за текстот на законот, кој, според Бочварски, вклучува финансиска, здравствена и социјална помош. Според него, родителите на настраданите ќе можат да отсутствуваат од работа до една година, а сите парламентарни групи треба да го поддржат законот со консензус. Бочварски нагласи дека ова не е време за политизирање, туку за конкретни решенија за помош на граѓаните.