
Автомобилскиот сојуз на Србија (ААСС) соопшти дека вечерва 18 гранични премини се блокирани за товарен сообраќај. Протестот го организирале возачи од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија поради заострените правила за престој во Шенген-зоната.
Блокирани се премините Хоргош, Келебија, Бачки Брег, Српска Црна, Ватин, Калуѓерово, Ѓердап, Вршка Чука, Градина, Стрезимировци, Рибарци, Прешево, Батровци, Бездан, Богојево, Бачка Паланка, Нештин и Шид. За разлика од претходниот извештај, сега не се блокирани Мокрање и Прохор Пчињски. Патничките возила се пропуштаат без задржување.
