
Сообраќајот на патниот правец Ростуше – Дебар е целосно блокиран во двата правци, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Причината за прекинот е сообраќајна несреќа во која цистерна излетала од коловозот.
Настанот се случил вечерва околу 22:10 часот, а надлежните служби се на терен и работат на расчистување на патот. Засега нема информации за повредени лица.
АМСМ апелира до возачите да ја следат состојбата на терен и навреме да ја прилагодат патната рута. За дополнителни информации, граѓаните може да ги следат официјалните соопштенија на АМСМ.