Skip to main content
Магазин

Бјело Дугме го запали Скопје – концерт за паметење во „Борис Трајковски“

01/06/2025  01:03

Една од најголемите рок-групи на поранешна Југославија, Бјело Дугме, вечерва приреди вистински музички спектакл во Скопје. Салата „Борис Трајковски“ беше до последно место исполнета со фанови, кои со носталгија ги пееја најголемите хитови на бендот.

Концертот во Скопје е дел од нивната регионална турнеја, уште еднаш докажаа дека музиката на Бјело Дугме нема генерациски граници – заедно пееја и постарите и помладите љубители на добриот звук.

Настанот помина во извонредна атмосфера, со силни аплаузи и овации по секоја изведба. Скопје уште еднаш покажа дека знае да биде одличен домаќин на големите музички имиња.

ЛИНК ДО ВИДЕОТО