Skip to main content
Хроника

Бившиот и отишол на работа ја претепал и ја ограбил, па си заминал

01/09/2025  14:40

Денеска во 03:00 часот во СВР Скопје, 26-годишна жена од Скопје пријавила дека на 31.08.2025 околу 22:50 часот на подрачјето на Карпош, додека била на нејзиното работно место во спортска обложувалница, била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Д.К.(27) од Скопје, а исто така ѝ ја одзел чантата со лични предмети.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.