Skip to main content
Македонија

Битолчани повторно на протест против изградба на регионална депонија 

26/03/2025  22:43

Граѓани од Битола вечерва протестираа пред општинската зграда изразувајќи го својот револт против изградба на регионална депонија во близина на постоечката, нестандардна Мегленци. Бараат, надлежните да најдат друга локација, затоа што не веруваат дека институциите имаат капацитет да ја одржуваат по европски стандарди.

Ова е втор протест во Битола против изградба на современ центар за управување со отпад. Советот на Општина Битола, претходно, донесе заклучок со кој бара од Владата, во чија надлежност е овој проект, промена на локацијата за изградба на регионалната депонија.