Skip to main content
Македонија

Билјана Ивановска влегува во трката за градоначалник на Центар како независна кандидатка

13/08/2025  16:48


Платформата „Независни заедно“ денеска ја претстави Билјана Ивановска, позната борка за правда и долгогодишна антикорупционерка, како независна кандидатка за градоначалничка на Општина Центар.

Ивановска, која важи за една од најреспектабилните јавни личности во земјава, ја доби поддршката од граѓанските иницијативи „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и иницијативата „398“.

Официјалното претставување на нејзината кандидатура ќе се одржи утре, четврток (14 август 2025), со почеток во 09:30 часот, на просторот пред фонтаната Лотус, на влезот во Градскиот парк во Скопје.

Организаторите ги поканија медиумите и граѓаните да го проследат настанот.