
Вечерва во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ ќе се отвори едно од клучните прашања за иднината на државата дали Македонија може да стане функционална држава и како да се стигне до тоа.
Гости во емисијата се универзитетскиот професор и научник Миодраг Лабовиќ и поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска.
Професорот Лабовиќ ќе претстави конкретен план за системски реформи, кој опфаќа уставни измени и воведување на дигитални механизми во борбата против корупцијата, со цел зголемување на транспарентноста и ефикасноста на институциите.
Од друга страна, Ивановска ќе даде директни оценки за состојбата во системот, осврнувајќи се на причините зошто институциите не испорачуваат правда, како и на прашањето дали обвинителството претставува „тесно грло“ во борбата против корупцијата.
Во разговорот ќе се отвори и темата за трагедиите кои го разоткриваат нефункционалниот систем, политичките притисоци врз институциите, но и клучното прашање има ли излез и каде се решенијата.
Емисијата „Ноќно студио“ се емитува вечерва со почеток од 20:00 часот на 4ТВ.


