
Безживотно тело на маж било пронајдено во двор во семејна куќа во населбата Драчево, дознава 24инфо.мк
Телото го пронашол пријател на сега починатото лице и веднаш пријавил во полициската станица.
На телото имало отворена рана, а лекар од Брза помош констатирал смрт, по што по наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција.


