Skip to main content
Хроника

Безживотно машко тело пронајдено во Вардар кај Велес

07/07/2025  10:56

Вчера напладне, Итната медицинска помош го известила Секторот за внатрешни работи Велес дека во реката Вардар, на влез во Велес, во близина на местото викано Бентот, е пронајдено починато машко лице, чиј идентитет сè уште не е познат.

„Известен е јавен обвинител и извршен е увид од увидна екипа на СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатото НН лице ќе биде дадено на обдукција“, соопшти Биљана Ѓаковска, портпаролка на Секторот за внатрешни работи Велес