
Без вода денеска од 08:30 часот ќе бидат корисниците на потегот од улицата „Наум Наумовски Борче“ бр.63 во Општина Центар.
Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот со водоснабдување е поради водоводен приклучок од ф 100мм на ул.„Наум Наумовски Борче“ бр.63.
Без водоснабдување денеска од 09:00 часот ќе бидат коисниците од зградите 10,12 и 14 на ул.„Октомвриска Револуција“ и дел од бул.„Партизански Одреди“ (потегот од 2Никола Тесла“ до „Октомвриска Револуција“), поради промена на вентил ф-2“ на крстосницата ул.„Октомвриска Револуција“, бул.„Партизански Одреди“.
Водоснабдувањето во овие населени места ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

