Skip to main content
Скопје

Без вода делови од четири скопски населби

31/10/2025  08:32

Без електрична енергија денеска ќе бидат дел од корисниците во Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија.

Во периодот од 08:30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од бул. Борис Трајковски бр.1 поточно влез 2 од зградата т.н. Пегла во општина Кисела Вода, а од 09 до 10 часот корисниците од Новоселски пат, како и објектите на Стокомак, КАМ Маркет, бензинската пумпа ОКТА и објектите во нивна близина. во општина Ѓорче Петров.

Од 09 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Леринска, лоцирани во околината на бр. 3. во општина Карпош.

Исто така без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Челопек“ и бр. „157“ во Општина Чаир.

Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот со водоснабдување е поради дефект на приклучна цевка од ф – 150 мм на раскрсница меѓу улиците „Челопек“ и бр. „157“.

Водоснабдувањето во овие населени места ќе биде прекинато до завршување со работните активности.