Skip to main content
Скопје

Без струја повеќе делови од Студеничани и Сопиште

09/12/2025  08:41

Без струја денеска од 08.00 до 16.00 часот ќе бидат корисниците од Ловиште Јасен, селата Осинчани, Држилово, Патишка Река, Елово, Малчиште, викендици Патишка Река, Сателитски центар Нова Брезница, Каменолом Вардар Градба, викендици Држилово, Јаболци, Црн Врв, Рудпроект, Карст Јаболци, Викенд Населба Јаболци и село Нова Брезница во општините Студеничани и Сопиште, информира ЕВН Македонија.