Skip to main content
Скопје

Без струја корисниците од неколку улици во Скопје, а без вода делови од Карпош

07/08/2025  08:51

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска (четврток) без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 08.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Михаил и Ефтихиј (општина Кисела Вода)

– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Фредерик Шопен (општина Кисела Вода)

– во периодот од 09.00 до 14.30 часот, дел од корисниците од ул. Бриселска (општина Карпош)

– во периодот од 11.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата кај керамика Имола под обиколницата (општина Бутел).

Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека денеска ( четврток) поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. Драгиша Мишовиќ бр. 7, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Драгиша Мишовиќ, Роберт Кох и Трифун Пановски, како и корисниците од ул. Бледски Договор лоцирани на потегот од бул. Илинден до ул. Карпошево Востание. ( општина Карпош )