
Без вода денеска од 08:30 часот ќе бидат дел од корисниците од село Трубарево и од улиците „Гемиџиска“ и „Филип Филиповиќ“ во општина Гази Баба.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, поради промена на воздушен вентил и затварач од ф 80мм на ул: 30, бр: 20 во село Трубарево, без вода ќе останат корисниците од село Трубарево.
реклама
Без вода поради реконструкција на водоводна мрежа од 5/4 на ул:„Гемиџиска“ бр: 33 ќе останат и корисниците од улиците „Гемиџиска“ и „Филип Филиповиќ“.
Корисниците ќе oстанат без вода се до завршување со работните активности.
Исто така РЦУК – Скопје информираше дека од ЕВН Македонија АД добиле известување дека на ден 15.07.2025 година (Вторник) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.15 до 15.00 часот, корисниците од село Крушопек (општина Сарај).