Skip to main content
Скопје

Без струја делови од Центар, Газа Баба, Сарај и Сопиште

19/06/2025  07:37

Без електрична енергија денеска во периодот од 08.00 до 16.00 часот, ќе останат дел од корисниците од улиците Коле Неделковски, Наум Наумовски Борче и Антоние Грубишиќ во општина Центар, соопшти ЦУК.

Од 08.15 до 13.00 часот, струја ќе немаат корисниците од село Крушопек како и спортско рекреативниот центар Сарај, од 08.30 до 14.30 часот корисниците од селата Света Петка, Говрлево, Долно Соње, Горно Соње, Соње Коштан, Виничиште и Чифлик во општина Сопиште, а од 10.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од улиците Фуштанска, Јужно Моравска Бригада и Жегљане во општина Гази Баба.