
Во периодот од 08.15 до 13.30 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците Иван Цанкар –
парни броеви, Франц Прешерн – непарни броеви и Вангел Дину ( општина Карпош ), информира ЦУК по известување добиено од ЕВН.
Корисниците на ул.„Пиринска“ бр. 52 во општина Центар денеска од 09:00 часот ќе имаат прекинато водоснабдување поради менување вентил на шахта на улицата, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.
Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат и дека поради уличен дефект ф-80 мм на крстосницата Тајмишка/ Зеничка во населбата Железара прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од тие улици.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.