
Докторот од Клиниката за урологија кој на видео материјал беше снимен како хистерично бара обезбедување на висок тон додека внука на пациент го снима со мобилен бидејќи тврди дека „не сакал да го прегледа дедо ѝ кој е пациент со карцином“ денеска дал изјава на Клиниката за урологија откако против него беше поведена дисциплинска постапка, пишува Слободен печат.
Директорот на Клиниката доктор Башким Шабани за „Слободен печат“ вели дека докторот тврдел оти бил нападнат и удрен со вратата од страна на пациентите и дека неговата реакција била последователна на ова дејство. Докторот тврдел дека присутни биле и други од медицинскиот персонал и дека имало сведоци. И тие утре ќе дадат изјави после што дисциплинската и етичката комисија во болницата ќе одлучуваат. Докторот исто така потенцирал дека пациентот што чекал за преглед сакал да фати врски, односно преку ред да биде прегледан и не бил на „мој термин“. Директорот Шабани смета дека ова не било проблем бидејќи станува збор за пациент со тешка дијагноза што може да биде примен како итен.
Од она што се гледа на снимката е дека докторот со многу висок тон и на дрзок начин се обраќа кон пациентот со карцином и бара обезбедувањето да ги исфрли од болницата.
Целиот текст на Слободен печат.мк