
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против К.Ц.(60) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење” по член 244 и „Узурпација на недвижности” по член 225 од Кривичниот законик. Тој, во текот на јуни оваа година, на катастарска парцела во државна сопственост кај месноста „Бадеми” покрај брегот на Дебарското езеро, без одобрение за градба и спротивно на Законот на градење, неовластено изградил објект во вкупна површина од 88. 40 метри квадратни.