Skip to main content
Скопје

Бесплатно возење за средношколците во автобусите на ЈСП во овој период

10/06/2025  15:53

Од ЈСП Скопје информираа дека средношколците кои ги исполнуваат условите за користење на бесплатен јавен превоз, дека и оваа година ќе имаат право бесплатно да се возат за време на летниот распуст.

„Правото на бесплатен превоз за време на претстојниот распуст е согласно Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2025 година, која, меѓудругото, вели ‘со почетокот на 2025 година учениците од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да користат бесплатен превоз и за време на зимскиот и летниот распуст и на овој начин непречено да ги извршуваат своите училишни обврски за посетување на феријална пракса и практикантска обука…’“, велат од ЈСП Скопје.

Оттаму додаваат дека од утре (среда 11.06.2025 год) јавниот превоз ќе функционира по летен возен ред.

Распоредот на сообраќање на возилата на сите линии (градски и приградски) е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје (www.jsp.com.mk), и согласно тој возен ред е достапен планерот на новата веб страна (https://skopjebus.mk/mk/).