
Општина Карпош во соработка со лиценциран психолог/гешталт психотерапевт, м-р Тиана Ивановска, од следниот месец организира бесплатни анонимни групи за поддршка на жени жртви на семејно насилство (физичко, вербално, психолошко, емоционално, социјално и економско насилство).
Проектот ќе ги опфати сите засегнати жени жртви на семејно насилство кои се жителки на Карпош.
Заинтересираните ќе може да се јават на 071/771-420 и на 075/431-572 да го резервираат своето место во групата.
Сесиите ќе се одржуваат два пати во месецот започнувајќи од месец април.
Локација за сесиите: ул.Прашка бр.13 ( Тафталиџе 1)

