Skip to main content
Хроника

Беровчанец нападнал малолетник, со стаклен предмет му нанел тешки телесни повреди

23/11/2025  13:53

Денеска (23.11.2025) во 08:15 часот во с.Русиново, беровско, полициски службеници го лишија од слобода Ј.К.(25) од с.Русиново.

Постапувајќи по претходна пријава дека во викенд куќа во селото, по претходна расправија, со употреба на стаклен предмет нападнал малолетник од Македонска Каменица, при што му нанел тешки телесни повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.