Во најновата епизода на поткастот ЗРАК со д-р Марина Вукашиновиќ, се зборуваше за важноста на поддршката што болните од карцином ја добиваат од своите најблиски особено од семејствата.
Познатиот музичар Бени Шаќири зборуваше како лице чиј близок член на семејството се борел со ракот.
Тој сподели искуства од Клиниката за онкологија во кои изнесе пофалби за персоналот што работи на клиниката.
„Сите оние луѓе од медицински персонал што ги запознав на Клиниката, сите од еден до последен беа коректни. Убеден сум дека тие луѓе се на ниво на висок професионализам. Јас едноставно не сакам да верувам и мојот умствен капацитет не може тоа да го соџвака оној момент со сите оние афери дека наводно се давале физиолошки раствори наместо терапија и сето тоа ми е некако сомнително“ рече Шаќири.
Шаќири упати апел до сите граѓани, да ги слушаат докторите иако тие знаат да бидат понекогаш и суетни, но нивната работа е да спасуваат што е можно повеќе човечки животи.