
СДСМ има можност да донесе нови гласови и да го победи ВМРО-ДПМНЕ, но за тоа треба јасна социјална политика и програма за сите категории граѓани, вели во објава на Фејсбук универзитетскиот професор Тито Беличанец.
„За СДСМ се отвара простор за капитализирање на минатиот труд, односно на оствареното. Но да не очекува, како што премногу се надеваше на претходните избори дека со државотворните одлуки ќе победува на избори.
Останува енигмата како да се мотивираат да излезат на избори и да гласаат 50% апстиненти кои се потенцијални подржувачи на СДСМ. За тоа треаба концепт на економска програма за разввој прилагодена на македонските услови со силна социјалдемократска подршка на работниците, во стопанството, јавните служби и администрацијата.
СДСМ може да победи со јасно социјална политика во којашто секој граѓанин соодветно на неговиот статус и социјална положба, како невработен, вработен, пензионер, студент, земјоделец, инвалид или хендикепиран по некој основ ќе го согледа бенефитот да гласа за СДСМ“ пипува Беличанец.
Осврнувајќи се на работењето на актуелната Влада, Беличанец смета дека премиерот Мицкоски и Владата за година и половина успеале само ги блокираат преговорите за влез во ЕУ и дека Мицкоски сега се наоѓа на извесен крстопат.
„Мицковата Влада по изборите се насочи кон решавање на тековните прашања и пред се кон подготовката на локалните избори подржувајќи ги со 500.000.000 евра од кредит. Во меѓувреме со три посети на претседателката Фор Де Лајен Владата беше инструирана да се насочи кон извршување на обврски кон ЕУ, но тоа беше игнорирано. Казната од ЕУ брзо стугна, најлош извештај од ЕУ кој не укажува само на неизвршување на реформи туку и назадување на патот кон ЕУ. Евидентно ВМРО ДПМНЕ водено од Мицковски е на крстопат. Да ги исполни ветувањата кон неговите гласачи и да го врати уставното име без придавката “северна”, да го поништи Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија и да се напушти т.н. Историска комисија. Неизвесноста нема долго да трае. Времето не работи за Мицковото ВМРО ДПМНЕ. Со нетрпение очекувам како ќе го објаснува на своето членство неисполнувањето на ветувањата и како тоа членството ќе го прими“ се наведува во објавата на професор Беличанец.

