Skip to main content
Свет

Белгиските власти приведоа двајца израелски војници по пријава за „сериозни воени злосторства“ во Газа

22/07/2025  12:42

Белгиската полиција приведе двајца припадници на израелската армија по пријава дека извршиле „сериозни воени злосторства“ во Појасот Газа, јави белгискиот јавен радиодифузен сервис ВРТ.

Федералното јавно обвинителство на Белгија за медиумот потврдило дека двајцата израелски војници биле приведени во местото Бум, близу Антверпен, каде пристигнале за да присуствуваат на музичкиот фестивал „Тумороуленд“, кој се одржа изминатиов викенд.

По сослушувањето во полициска станица, Израелците биле ослободени и им било дозволено да ја напуштат Белгија.

Израелските војници биле приведени по пријава до Јавното обвинителство поднесена од претседателот на Фондацијата „Хинд Раџаб“, Дијаб Абу Џаџа, во која тие биле обвинети дека извршиле сериозни воени злосторства во Појасот Газа.

По добиената пријава, белгиското Јавно обвинителство оценило дека може да има надлежност во овој случај и и издало налог на полицијата да ги пронајде и приведе војниците за сослушување.

Иако по сослушувањето војниците биле ослободени, Обвинителство одбива да даде повеќе детали за понатамошниот тек на постапката