Skip to main content
Свет

Бел чад над Ватикан: Избран е новиот папа

08/05/2025  18:28

Бел чад се издигна од оџакот на Сикстинската капела – симболот што целиот свет го чекаше. Тоа значи дека кардиналите попладнево постигнале договор и избрале нов поглавар на Римокатоличката црква.

Со тоа, официјално е избран наследникот на папата Франциск – новиот, 267-ти папа во историјата на Католичката црква.

Очекувањата се дека тој наскоро ќе се појави на балконот на базиликата „Свети Петар“ и ќе го одржи своето прво обраќање до верниците ширум светот.