Skip to main content
Балкан

Бегај: Молитвите на албанскиот народ се со семејствата за загинатите и повредените во Северна Македонија

16/03/2025  12:01

Албанскиот претседателот Бајрам Бегај изрази сочувство по повод трагичната несреќа што се случи во дискотека во Кочани во која загинаа над 50 лица, а стотици се повредени.

– Моето искрено и длабоко сочувство до семејствата кои ги загубија своите најблиски и до сите граѓани во нашата соседна пријателска земја. Моите молитви и молитвите на албанскиот народ се упатени кон повредените, тие брзо да закрепнат и болката во градот Кочани да не се зголемува, напиша Бегај во објава на Х.

Албанските медиуми од утринава пренесуваат информации за „голема трагедија во Северна Македонија“, главно повикувајќи се на Медиумската информативна агенција (МИА).