
Седуммесечно бебе синоќа починало на интензивна нега на Детската клиника во Скопје.
Директорот на Клиниката Реџеп Мемеди во изјава за МИА појаснува дека бебето било со генетски проблем и имало оштетени повеќе органи.
Според Мемеди, биле запазени сите процедури и третмани и нема лекарска грешка. Тој вели дека се работи за неоснован притисок врз Клиниката и здравствениот персонал во оваа институција.
Телото на бебето е пратено на обдукција на Патологија.