
Со почетокот на летните одмори, многумина се упатуваат кон море или езеро, но за оние што остануваат во град, базенот често е најбрзото решение за разладување и добивање бронзен тен.
Сепак, освежувањето во базените носи и потенцијални здравствени ризици, особено кога станува збор за инфекции. Лекарите предупредуваат дека водата во базените, иако се одржува, може да биде ризична, особено за жените.
Гинеколозите советуваат неколку едноставни, но многу важни мерки на претпазливост. По секое капење во базен, задолжително е туширање со чиста вода. Пожелно е секогаш да се носат два пара костими за капење, за да се избегне подолго задржување во мокар костим – фактор кој го зголемува ризикот од инфекции.
Дополнително, за жените се препорачува употреба на вагинални пробиотици, но само по претходна консултација со гинеколог, за подобра заштита на интимното здравје.
Со почитување на овие совети, летните радости не мора да бидат помрачени од непријатни здравствени состојби.